Свет

Трамп Помладиот: Има 650 американски војници на Косово. Време е да ги донесеме дома

ВАШИНГТОН – Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп,  Доналд Трамп Јуниор, го поддржа американскиот сенатор Дејвид Пердју, кој рече дека САД треба да го преиспитаат своето присуство на Косово, пренесува Тањуг.

bela, kuca, vasington, sad, , 4

‘Се согласувам. Има 650 американски војници на Косово. Време е да ги донесеме дома”, напиша синот на Трамп на Твитер.

‘Повеќе од две децении, американските сили помагаат во одржувањето на мирот меѓу Косово и Србија. Сега, со историскиот напредок, Косово мора да го направи својот дел од работата и да стави крај на сите наметнати такси кон Србија. Ако Косово не е целосно посветено на мирот, тогаш САД треба да го преиспитаат своето присуство таму “, напиша  американскиот сенатор Дејвид Перду на Твитер.

Сенаторот Дејвид Пердју , се смета дека е многу близок до американскиот претседател Доналд Трамп, како на приватно, така и на деловно поле.

Бизнис Инсајдер го  нарекува ‘омилениот сенатор на Трамп“.

Loading...

Related posts

Leave a Comment