Свет

Трамп прогласи победа во Пенсилванија, Џорџија и Северна Каролина

Кандидатот за претседател Доналд Трамп тврди дека победил во Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина и Мичиген, за каде што изјави дека има измама во пребројувањето.

Претседателот го објави тоа на Твитер, но сепак, оваа социјална платформа веднаш го означи објавувањето како потенцијално ширење на дезинформации, имајќи предвид дека официјалните резултати сè уште не се познати.

Да потсетиме, иако тој во моментов води во Пенсилванија, Џорџија и Северна Каролина, Мичиген, според различни проекции, тие му припаѓале на неговиот ривал Џо Бајден.

За да може Трамп „да остане во игра“ на тој начин, ќе мора да победи во сите три држави во кои води, но и во една во која во моментов води Бајден, Невада или Аризона.

Трамп тврди дека имало изборна кражба и тој веќе побарал да се запре броењето во Мичиген и Пенсилванија.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment