Свет

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПОБЕДА : ПОБЕДУВАМЕ НА СИТЕ ФРОНТОВИ

Републиканскиот кандидат и актуелен претседател на САД Доналд Трамп и се  обрати на јавноста.

На почетокот на својот говор, тој им се заблагодари на сите што беа со него.

Трамп посочи дека републиканците освојуваат убедливо мнозинство во сите држави.

– Убедливо победивме на Флорида. Ја освоивме големата држава Охајо и Северна Каролина и водиме во Пенсилванија и ќе го освоиме Мичиген. „Никогаш нема да стигнат до нас“, рече Трамп.

Трамп вели дека демократите ќе се обидат да ја оспорат победата.

– Тие не знаат што им се случи, ги победивме на сите фронтови. Тие губат на сите избирачки места. Тие знаат дека ќе загубат и ќе одат на сите можни начини да ја оспорат победата. Тие ќе одат на суд. Тие се срамота за Америка. Тие ќе се обидат да го измамат американскиот народ. Ќе се обратиме до Врховниот суд со цел да спречиме измама при пребројувањето на гласовите – вели Трамп.

Претходно денес, демократскиот кандидат Џо Бајден им се обрати на приврзаниците од Вилмингтон во Делавер, велејќи дека верува дека е „на добар пат кон победа на изборите“.

Loading...

Related posts

Leave a Comment