Свет

Трамп : Путин, Кси, Ким и Ердоган се „шахисти од светска класа“

Trump row with WHO escalates | News UK Video News | Sky News

ВАШИНГТОН – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се „шахисти од светски ранг“.

Говорејќи во државата Висконсин, Трамп го критикуваше својот противник на претседателските избори, Џо Бајден, оценувајќи дека, ако стане претседател, тој нема да може да се справи со светските лидери, пренесува Танјуг.

Трамп додаде дека Бајден не може да соработува со нив како рамноправен партнер, затоа што, како што рече, „тој не е во своите најдобри години“.

Бајден, доколку биде избран, ќе биде најстариот претседател во американската историја со 78 години.

Loading...

Related posts

Leave a Comment