Свет

Трамп удри по својот поранешен советник: Болтон е еден од најглупавите луѓе во Вашингтон

President Trump fires John Bolton - analysis and reaction - YouTube

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес го осуди ставот на својот бивши советник за национална безбеднос, Џон Болтон, кој се противи на предлогот на генералот Мајк Флин да се воведе вонредна состојба во некои држави за да се повторат изборите, пренесува Дејли меил.

„Што би можел Болтон, еден од најглупавите луѓе во Вашингтон, да знае“, порача Трамп на Твитер.

Трамп потсети на зборовите на Болтон додека бил на местото на советник.

„Да не беше Болтон личноста која жестоко лупаше пред ТВ камерите за „решението во Либија“ и објаснувајќи што треба САД да прави по однос на прашањето на Северна Кореја? Имам во архивата, низа од глупостите на Болтон“, додаде Трамп.

Тој жестоко реагираше по интервјуто на Болтон за Си-Ен-Ен, во кое истакна дека воведувањето на вонредна состојба во некои американски држави е „застрашувачка идеја“.

Loading...

Related posts

Leave a Comment