Свет

ТРАМП : Јас победив на изборите!

ТРАМП ПРОДОЛУВА НА СВОЈ СВОЈ ПАТ: Јас победив на изборите!

Јас победив на изборите, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер. Тој не ја објасни својата нова порака подетално, а претходно напиша „светот нè гледа“, повторувајќи ги обвинувањата за изборни нерегуларности.

Трамп ја испрати оваа порака во време на обиди за легално оспорување на резултатите во некои американски држави, каде медиумите ја прогласија победата на неговиот противник Џо Бајден .

Трамп претходно напиша дека Уставот на САД бил прекршен за време на претседателските избори одржани на 3 ноември и „нападнат како никогаш порано“. Тој додаде дека „медиумите за лажни вести постојано тврдат дека Бајден е избран за претседател , не давајќи и можност на нашата страна да се појави“.

Тој повтори дека голем број набљудувачи на изборите не можле да го следат пребројувањето на гласовитек, дека „Демократите измениле милиони гласови во нивна корист“ и дека „гласањето се одвивало и по завршувањето на изборите“.

Тој, исто така, ги повтори обвинувањата против софтверот за гласање на канадската компанија „Доминион“ , за кој изјави дека не е безбеден. Тој додаде дека Уставот на САД нема да дозволи да се одржат „лажните резултати од резултатите од изборите и од гласањето по пошта“.

Related posts

Leave a Comment