Се погласни се најавите дека од Ноември, веднаш по изборите, не чека австралиско сценарио на тотално заклучување.
Паралелно ќе се зголемат заканите за присилна вакцинација проследени со проширување на ковид-фашистичките мерки, а за заклучувањето ќе бидат обвинети невакцинираните, кои дополнително ќе бидат стигматизирани се со цел да се створи антагонизам од страна на вакцинираните граѓани кон нив.
Родина Македонија и јас како кандидат за градоначалник на главниот град, ве повикуваме масовно да гласате за мене и нашите кандидати, како би ги спречиле ковид-фашистите да го остварат своето црно сценарио.
Ајде заедно да извојуваме победа и да им ги помрсиме плановите, да ги укинеме мерките на апартхејд на територијата на главниот град и од него да појдеме во поход за ослободување на целата наша држава, напиша кандидатот за градоначалник на Скопје, Трајковски, на својата официјална страница.
