Македонија

Трајковски: Јавно ја повикувам градоначалничката на Скопје да го отстрани незаконски подигнатиот споменик на терористичката УЧК во скопската населба Чаир.

Можно е да е слика од 1 лице, споменик и надвор

Членот на претседателството на политичката партија Родина Македонија Владимир Трајковски, ја прозва градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како реакција на отпуштањето на триесетте вработени од јавното комунално претпијатие.

Јавно ја повикувам градоначалничката на Скопје да го отстрани незаконски подигнатиот споменик на терористичката УЧК во скопската населба Чаир. Од мене како учесник во борбите против истото УЧК во 2001та ќе ја има комплетната логистичка и ако треба физичка поткрепа за истото!
Очекувам поддршка на моето барање од советниците во градското собрание од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Левица.
Докажете го родолјубието на дело со вистински акти, удирањето по џеб на социјалци кои метат улици за да ги прехранат своите деца, независно од кој ентитет доаѓаат, е само
евтин политички маркетинг!, напиша Трајковски на својот фб профил.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!