Свет

Тревога низ целиот свет: Кинеска ракета паѓа на земјата, никој не знае каде може да удри, особено се стравува за два града

Кинеска ракета

Кинеска ракета орбитира околу Земјата и може да се сруши на нашата планета во наредните денови, предупредуваат експертите.

Наместо да се врати на Земјата на предодреденото место во океанот, може да се случи неконтролирано да падне во населено место, пишува Дејли Меил .

Џонатан Мекдауел, астроном кој следи предмети кои кружат околу Земјата, рече дека патеката на ракетата води „малку северно од Њујорк, Мадрид и Пекинг и јужно од јужниот дел на Чиле и Велингтон во Нов Зеланд“ и дека може да слета каде било во овој опсег .

Кога ракета паѓа на Земјата, најголемиот дел гори во атмосферата, но може да се случи да останат големи парчиња што паѓаат како дожд на населени места, а досегот е 80 проценти од светот.

Related posts

Leave a Comment