Регион

ТРИФУНОВИЌ : Албанскиот да биде официјален јазик во Србија

 

 

Претседателот на Движењето на слободни граѓани и познат актер Сергеј Трифуновиќ рече дека Србија требала да го прифати планот на финскиот дипломат Марти Ахтисари и дека српскиот и албанскиот народ требало да станат еднакви, така што албанскиот јазик требало да стане официјален и да се учи во училиштата во Србија.

“Последниот момент кој  беше многу добар беше планот на Ахтисари. Држава во која два народи се еднакви. Два јазика, две писма. Тоа целосно би ги изнивелирало Србите и Албанците. Тие би имале свој јазик, кој е официјален. Свое школство, судството , што и да е “, рече Трифуновиќ во интервју на Јутјуб.

Тој го обвини поранешниот српски премиер Воислав Коштуница дека го прекинал планот.

“Коштуница рече дека” Косово е Србија “и, се разбира, го изгуби тој момент. Сега сме тука каде што сме, дојдени до момент кога  Косово повеќе не е наше”, оцени Трифуновиќ

Related posts

Leave a Comment