Македонија

Тројца починати и 15 нови случаи на коронавирус во Македонија, бројката се искачи на 570

 

На денешната прес конференција Венко Филипче ги соопшти најновите информации во врска со пациентите заболени од коронавирус во државата. На клиниката за Инфективни болести починале тројца пациенти од коронавирус, пациент од Кочани на 40-годишна возраст, пациент од Тетово на возраст од 69 годишна возраст и уште еден пациент од Тетово на 65-годишна возраст. Оздравени се 4 пациенти кои денеска зминуваат од клиниката. Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во државата.

Loading...

Related posts

Leave a Comment