Свет

Турската војска започна обука за С-400 во Русија

 

Турскиот воен персонал започна обука во Русија за ракување со ракетнита системи С-400, информираше во средата турското Министерство за национална одбрана.

„Нашите персонални воени сили започнаа обука во рускиот град Гатчина за управување со ракетните системи за одбрана С-400“, информираа од Министерството на Твитер.

Претходно, директорот на воената компанија „Алмаз-Антеј“, Јан Новиков, информираше дека обуката на турскиот персонал ќе трае од 1 септември 2019 година до 2 јануари 2020 година.

На 27 август Русија започна со испораките на втората серија на С-400 за Турција.

Во септември 2017 година, Русија извести за договор потпишан со Турција за набавка на ракетни одбранбени системи С-400  во висина од 2,5 милијарди американски долари. Договорот вклучува делумно откривање на технологијата на производство на турската страна. Првата серија на С-400 беше доставена во Турција од 12 до 25 јули. Втората серија ќе биде доставена во целост до крајот на септември.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!