Свет

Турските воени авиони ликвидираа повеќе од 20 борци на ПКК во напад врз северен Ирак

 

 

Турските воздухопловни сили утринава извршија силен напад врз Курдистанската работничка партија (ПКК) во северен Ирак.

Според турското Министерство за одбрана, нивните воени авиони започнале тежок напад врз регионот на Карачак во Ирак, уништувајќи голем број позиции на ПКК во близина на границата.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека за време на нападот биле убиени повеќе од 20 борци на ПКК.

Тие додаваат дека нивните воздушни напади ги насочиле  и во Метина и Гара региони во северен Ирак, при што загинале најмалку шест членови на ПКК

Турските воени операции во северен Ирак со месеци траат, и покрај приговорите на Багдад.

ПКК, која со години беше забранета во Турција, наводно, има големо присуство во северен Ирак, особено во регионот на Курдистан во земјата.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!