Два турски борбени авиони влегле во грчкиот воздушен простор без дозвола и прелетале над двата егејски острови, соопшти грчката армија.
Ловците Ф-16 најпрво летаа преку островот Фармакониси околу 11 часот и седум минути подоцна преку Агатониси, пренесува „Катимерини“.
Тие биле пресретнати од грчки борбени авиони во согласност со меѓународните процедури, се вели во соопштението.