Свет

Турција започна жесток одмазднички напад во северна Сирија

 

Турските вооружени сили денес започнаа тежок одмазнички напад , откако ракета лансирана од северна Сирија ја погоди турската провинција Санлиурфа.

Според турското Министерство за одбрана, ракетата  лансирана од Сирија го погодила Округот Чејланпинар, при што загинал еден работник од брза помош и повредила дузина минувачи.

Турското Министерство за одбрана подоцна објави на Твитер дека турските сили реагирале на ракетниот оган и погодиле и уништиле седум цели на сириската страна на границата во самоодбрана.

Тие подоцна ја обвинија Курдската единица за народна заштита (ЈПГ) за спроведување на ракетниот напад од  северна Сирија.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!