Свет

Турција обвини пет држави за планирање на „сојуз на злото“

Турција денес ги обвини Грција, Кипар, Египет, Франција и Обединетите Арапски Емирати дека сакаат да формираат „сојуз на злото“, откако двете земји издадоа заедничка декларација во која се осудуваат политиките на Анкара во источниот Медитеран и Либија.

Министрите за надворешни работи на петте држави вчера разговарале по телефон за ситуацијата во источниот Медитеран, каде Турција експлоатира наоѓалишта на гас во кипарските води, како и за ситуацијата во Либија.

Минатата година Турција потпиша контроверзен договор за разграничување на границата на море со меѓународно признатата влада во Триполи, како и договор за воена соработка.

Турција верува дека договорот гарантира економски права на голем дел од источниот Медитеран и спречува каков било проект за гас без согласност на Анкара. 

Грција и Кипар се спротивставуваат на договорот, за кој велат дека е спротивен на меѓународното право и ги крши нивните права во таа област.

Споменатите земји во разговорот исто така изјавија дека договорот со Либија за воена соработка го крши меѓународното право и ембаргото на ООН за оружје во Либија.

“Ние остро го осудуваме мешањето на турската војска во Либија и ја повикуваме Турција целосно да го почитува ембаргото на оружјето на ООН и да го запре приливот на странски борци од Сирија во Либија. Овие настани претставуваат закана за стабилноста на либиските соседи во Африка и Европа”, се вели во декларацијата.

Како одговор на тоа, Турција ги обвини Грција и Кипар дека избегнуваат дијалог со Турција, а Египет дека не ги штити правата и интересите на своите граѓани.

Турција, исто така, ги обвини Обединетите Арапски Емирати за придружување со други земји само заради непријателство со Турција, а дека Франција дека е заговорник на алијансата.

„Ги повикуваме овие земји да дејствуваат во согласност со здравиот разум, меѓународното право и практиката. Мирот и стабилноста во регионот може да се воспостави преку чесен и вистински дијалог, а не со сојуз на злото“, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксои.

Loading...

Related posts

Leave a Comment