Свет

Ударите врз Шредер не престануваат: Германски универзитет побара да се откаже од почесниот докторат поради неговите ставови за Русија

Schröder a Mosca per parlare con Putin

БЕРЛИН – Германскиот универзитет во Гетинген побара од поранешниот канцелар Герхард Шредер да се откаже од почесниот докторат поради неговите ставови за Русија и задржувањето позиции во руски компании.

Од Универзитетот во Гетинген посочуваат дека е неразбирливо што Шредер по толку недели војна во Украина, и се потешката хуманитарна катастрофа во таа земја, не ја осудил руската агресија и не се откажал од руските компании.

„Задржувањето на функциите во економскиот апарат на агресорот не се совпаѓа со ставовите на Универзитетот во Гетинген, неговите цели и вредности“, се нагласува во соопштението.

Шредер го посети Универзитетот во Гетинген во петокот вечерта, каде што разговараше со челните луѓе. Шредер беше награден со почесен докторат во 2005 година од Универзитетот во Гетинген, каде што студираше право.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!