Свет

Удар врз Орбан: Европската комисија покрена постапка против Унгарија за дискриминација на ЛГБТК луѓето!

Hungary: Viktor Orban's Fidesz to quit Europe's centre-right EPP - BBC News

Брисел – Европската комисија започна постапка против Унгарија и некои региони во Полска за дискриминација на ЛГБТК луѓето.

Унгарија се најде на удар на повеќето членки на ЕУ откако унгарскиот парламент неодамна донесе закон со кој се забранува едукација на младите за проблемите на ЛГБТК заедницата, додека скоро сто полски региони минатата година се прогласија за „зони ослободени од ЛГБТК идеологијата“.

“Еднаквоста, почитувањето на човековите права и човечкото достоинство се меѓу основните вредности на ЕУ, наведени во член 2 од Договорот за Европската унија. Комисијата ќе ги искористи сите механизми што и се достапни за да ги заштити овие права”, рече претседателот на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Европската комисија сè уште не ја заврши оценката на унгарскиот национален план за закрепнување и издржливост, иако рокот од два месеци истече во понеделникот, и има намера да и предложи на Будимпешта продолжување на рокот за оценување, потсетува Јутарњи лист.

Унгарија го достави својот национален план за закрепнување на 12 мај, а ЕК требаше да го процени во рок од два месеци, кој истекува во понеделник. Будимпешта може да побара продолжување на рокот за оценување, но не го стори тоа.

ЕК досега даде зелено светло на 16 национални планови за отпорност и закрепнување и ги упати на усвојување до Советот на ЕУ. Сите 16 национални планови беа одобрени во рок од два месеци. Неколку земји-членки побараа продолжување на рокот за оценка, но не и Унгарија.

ЕУ и Полска се на удар

Европскиот суд на правдата денес утврди дека новиот дисциплински режим во Полска, кој се однесува на судии на Високиот суд, го крши законот на ЕУ.

Судот оцени дека новиот дисциплински систем во Полска може да се „искористи за политички цели“ за да се изврши притисок врз судиите, нивните одлуки и со тоа да се влијае врз независноста на судството.

Врховниот суд на Европа на тој начин ја поддржа жалбата на Европската комисија против судските реформи што се спроведуваат во Полска.

Брисел и Полска веќе подолго време се во конфликт околу владеењето на правото во земјата, односно реформите во судството. Во Брисел нагласуваат дека Полска, како земја-членка на ЕУ, е должна да ги почитува пресудите на овој суд и да постапува во согласност со основните вредности на ЕУ.

Од друга страна, Варшава нагласува дека одлуките против неа во ЕУ се носат врз основа на политички мотиви. Вчера, полскиот уставен суд ја отфрли имплементацијата на пресудата на Европскиот суд во врска со конфликтот меѓу полското судство и националниот устав.

Судот претходно издаде привремена наредба за суспендирање на функционирањето на Дисциплинскиот совет на полскиот Врховен суд, што беше оценето дека служи за репресија на судиите и обвинителите кои се залагаат за одбрана на владеењето на правото во земјата.

Европскиот парламент оцени дека одбивањето да се спроведат пресудите на Европскиот суд на правдата во Полска е „јасен чекор кон излегувањето на Полска од ЕУ“. „Се плашиме дека полската влада е на пат кон Полегзит“, рекоа пратениците на Европската народна партија (ЕПП).

Related posts

Leave a Comment