Регион

Ужас во Удине : Албанец со нож ги нападнал младите кошаркари на Србија

 

 

Членови на српската кошаркарска репрезентација биле нападнати во Удине од маж за кој се верува дека е од албанска етничка припадност.

Како што изјави за Б92.net потпретседателот на КСС, Игор Ракочевиќ, инцидентот се случил во четвртокот вечерта кога репрезентацијата доби слободна вечер и отиде на градска турнеја.

„Пред половина час еден Албанец ги нападна нашите деца во Удине. На децата им беше дозволено да прошетаат, заедно беа облечени во српски маички, а потоа еден  Албанец почна да ги следи  со велосипед “ , рече Ракочевиќ .

Претставникот на КСС посочи дека напаѓачот започнал да им дофрла на играчите.

„ Велеше сешто,дека Косово е Албанија, а не Србија … Децата спортски се однесуваа, му покажаа со рака да се тргне, но тој стана уште поагресивен, се симна од неговиот велосипед и почна да ги брка со нож. Децата успеаа да избегаат и да се затворат во хотелот “, додаде Ракочевиќ .

Тој истакна дека српската делегација е разочарана и лута од ФИБА и организаторите.

„Досега немаше чувар на безбедноста за нашите играчи, ниту во градот, ниту во хотелот. Ние ќе контактираме со нашата амбасада за да добиеме заштита “ , рече Ракочевиќ .

Тој потсети дека младите српски кошаркари беа поразени во средата од Шпанија во последните секунди од играта и им беше одземена можноста да се борат за медал.

„Фактот што нашите деца преживеаја овие 24 часа е страшен … не знам како ќе можат утре да излезат на теренот. За среќа, ние  од сојузот сме тука да ги поддржиме “ , изјави Ракочевиќ за Б92.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!