Свет

Ужас во Њујоршкото метро: Маскиран маж отворил оган врз патниците, најмалку пет загинати(ВИДЕО)

Можно е да е слика од 9 луѓе, внатре и текст кој вели „Exit Exit+Avene Avenue bbtreet Avenue 36 6 treet 36 Street“

Најмалку пет лица загинаа во вторникот околу 08:30 часот на метро станица на 36-та улица, во населбата Сансет Парк во Бруклин, а полицијата соопшти дека неколку луѓе биле повредени на платформата на метро станицата во Бруклин за време на утринската гужва. Не е јасно точно колку луѓе се на мета и во каква состојба се.

Портпаролот на градоначалникот Ерик Адамс одби да коментира за пукањето, бидејќи се уште нема доволно информации. Да потсетиме, и локалните медиуми објавија дека станува збор за можна експлозија, но од полицијата тоа се уште не го потврдуваат.

Лице кое го преживеа ова се огласи на Фејсбук и напиша:

 

„Го преживеав масовното пукање “, напиша Армен Ермен.

Вооружен маж со гас-маска и портокалов градежен елек е во бегство во Бруклин, откако застрелал најмалку пет лица во вторникот на преполната платформа на метрото во паркот Сансет. Не е познато каде е сега напаѓачот, но полициските единици во Њујорк трагаат по него.

 

Related posts

Leave a Comment