Анализа

Украинската армија е веќе скршена

„Овие две недели ни покажаа дека НАТО е подготвен да се бори со последниот Украинец против Русија. Подготвени се да се случи целосна човечка трагедија за да продолжи ова, така што Русија засекогаш ќе има белег на зла држава која предизвикува војни, вели Стеван Гајиќ, српски амалитичар. 

По 13 дена воен конфликт во Украина, украинската армија е практично разбиена, а руската воена акција во таа земја очигледно ќе ги исполни зацртаните цели, тврди Стеван Гајиќ, научен соработник во Институтот за европски студии, додавајќи дека конфликтот би можел да го натера НАТО да седне и сериозно да преговара за загриженоста на Русија околу колективната безбедност во Европа и светот.

Гајиќ, исто така, смета дека во Украина функционира класична прокси војна  или посредување. „Овие две недели ни покажаа дека НАТО е подготвен да се бори до последниот Украинец против Русија. Подготвени се да се случи целосна човечка трагедија за да продолжи ова, за Русија засекогаш да има белег на зла држава која предизвикува војни“, изјави Гајиќ за Танјуг во врска со ситуацијата во Украина.

На прашањето дали мисли дека можело да се спречат настаните во Украина, тој одговори потврдно, додавајќи дека НАТО можел да ја спречи интервенцијата во Украина со седнување на маса и сериозно преговарање за загриженоста на Русија за колективната безбедност во Европа и светот.

„Во ниту еден момент во последните 30 години тие не покажаа подготвеност да преговараат, туку само се проширија и проголтаа една по една земја на европскиот континент“, додаде Гајиќ.

Денеска на украинскиот фронт владее затишје поради отворањето на хуманитарниот коридор и излегувањето на цивилите од градовите, а на прашањето кој претходно ги спречувал цивилите да ги напуштат градовите, Гајиќ одговори дека тоа се всушност Украинците.

„Денес е затишје бидејќи украинската страна конечно ги пушти луѓето да излезат од градовите. Сепак, се чини дека притисокот од Западот беше голем“, смета Гајиќ. Тој вели и дека Русија од почетокот сакала да спречи големи смртни загуби на украинска страна, бидејќи да не беше така, посочува, ќе се однесуваа како Американците во Ирак и ќе ја примениле тактиката на изгорената земја.

Гајиќ не верува дека може да се дојде до политичко решение на конфликтот, бидејќи, според него, екстремистите во Украина не би го дозволиле тоа. Тој тврди дека дополнителен проблем е што Зеленски не ја контролира армијата, а особено не баталјоните како Азов, стационирани во Мариупол, како и силите во Доњецката област кои се опколени. Тој, исто така, вели дека поголемиот дел од украинската армија, која се наоѓа во близина на Доњецк, е практично опколена, а тоа значи дека Русија веќе ја добила суштинската војна.

„Се проценува дека околу 60 отсто од украинските сили се таму. Тоа не значи дека и по завршувањето на операцијата нема да останат џебови за стрелање во руската армија, туку армијата како систем е обезглавена. „Штабот е уништен, уништена е речиси целата авијација, морнарицата, аеродромите, повеќето тенкови, артилерија и воена опрема“, рече Гајиќ.

Тој смета и дека вниманието на светската јавност наскоро ќе се сврти кон Пацификот, со оглед на тоа што Кина во последните денови постојано повторува дека Тајван е дел од нејзината територија и дека се забележани одредени воени движења.

„Додека не заврши новиот светски поредок, кој очигледно се раѓа и каков и да е истиот, светот ќе биде турбулентен и не станува збор за недели и месеци, туку за години“, рече Гајиќ.

На прашањето каква е позицијата и ставот на Кина во украинско-рускиот конфликт, Гајиќ рече дека е јасно оти Кина е земја која ги амортизира санкциите против Русија со тоа што купува стоки од Русија и склучува нови договори со неа. Според него, Кина за прв пат е цврсто врзана за Русија.

„На Кина и е јасно дека ако сега не ја поддржи Русија и ако остане сама против целиот Запад, нема да има шанса, без разлика на нејзината економска моќ. „Кина целосно ја поддржува Русија“, заклучи Гајиќ.   

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!