Свет

Украинската страна го одби рускиот ултиматум за положување на оружјето во Мариупол

 

Нема ниту говор дека Украина ќе се откаже од градот Мариупол и ќе го предаде оружјето, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рано утринава .

„Не може да се зборува за никакво предавање, положување оружје“, рекла Верешчук, додавајќи дека веќе ја известиле руската страна, пренесува порталот „Украинска правда“.

Русија во неделата ги повика украинските војници во Мариупол да го положат оружјето во понеделник наутро и да го напуштат пристанишниот град, практично срамнет со земја во нападите.

Генерал-мајор Михаил Мизинцев изјави за руската државна новинска агенција Тасс во неделата дека ќе биде воспоставен безбеден коридор во периодот од 10 до 12 часот по московско време.

Русија и предлага на Украина сите нејзини воени единици да го напуштат градот „без оружје и муниција на рутата договорена со Украина“, се вели во извештајот.

Русија инсистираше на „официјален писмен одговор“ на Украина на предлозите до 5 часот наутро по московско време во понеделник.

Според Мизинцев, на цивилите ќе им биде дозволено да го напуштат градот и да се упатат кон Русија или областите под контрола на Украина. Според руските податоци, во градот остануваат околу 130.000 цивили.

Руските власти соопштија дека 16.400 луѓе од Доњецк и Луганск биле донесени во Русија во неделата. Вкупно 330.686 лица од Украина се донесени во Русија од 24 февруари, велат тие.

Градскиот совет на Мариупол неодамна ја обвини Москва дека против нивна волја носи цивили во Русија. Мижинцев, пак, го обвини Киев дека држи цивили како заложници во Мариупол.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!