Свет

Украински напад со дрон со отровни материи

Руското Министерство за одбрана извести дека позициите на руските војници во Украина биле нападнати со дрон во кој имало контејнер со отровни материи, изјави денеска шефот на руските сили за радијациона, хемиска и биолошка заштита, Игор Кирилов.

– На 21 април 2022 година, дрон фрли контејнер со ампули на позицијата на руските војници. Тие требаше да предизвикаат хемиска реакција што ќе доведе до експлозија и пожар со ослободување на отровни материи надвор од конвенционалните списоци – прецизира Кирилов, пренесе ТАСС.

Според него, моментално се врши анализа на ампулите.

Кирилов потсети дека денес САД се единствената земја во светската историја која ги користела сите три вида оружје за масовно уништување.

– Во обид да ја дискредитира специјалната воена операција на руските трупи, режимот во Киев, на предлог на американската администрација, е во состојба да спроведе сценарија што ќе доведат до смрт на десетици илјади украински граѓани и ќе предизвикаат еколошка и хуманитарна катастрофа. во блиска иднина – нагласи тој.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!