Свет

Украински националисти запалија турски брод во близина на Мариупол

„Турскиот брод „Азбург“, кој плови под доминиканско знаме, гори во близина на Мариупол, што можеби е провокација на украинските националисти кои сè уште го контролираат пристаништето“, тврди заменик-шефот на Народната милиција на Доњецк, Едуард Басурин.

„Украинските националисти кои продолжуваат да го држат пристаништето Мариупол, свесни за нивниот неизбежен пораз, намерно ја уништија инфраструктурата и странските бродови во пристаништето. Во овој момент знаеме дека има оган и чад на турскиот брод, дека бродот плови под знамето на Доминиканската република и дека на него има дванаесет украински граѓани“, рече Басурин во итната изјава објавена на Телеграм каналот на милицијата на Доњецката република, а пренесена од агенцијата ТАСС.

Басурин се сомнева во провокација на украинските сили.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!