Свет

Украинците ја гранатираа нуклеарната централа во Запорожје, Оштетен системот за ладење (ФОТО)

Гранатирањето на територијата на нуклеарната централа Запорожје во Енергодар од страна на украинските сили доведе до оштетување на специјалната зграда и системот за ладење на електраната, соопшти прес-службата на градската управа.

Причинетата штета е значителна. Погодена е посебна зграда, системот за ладење, како и мензата во која биле работниците на станицата во моментот кога почнало гранатирањето“, се вели во соопштението.

Се наведува дека меѓу работниците на електраната и припадниците на Росгвардија кои ја обезбедуваат нуклеарната централа нема жртви. Како што соопшти администрацијата, гранатирањето на нуклеарната централа било извршено со употреба на високоексплозивни ракети.

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!