Европа

УНГАРЦИТЕ ЗА ИДНИНАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: Потврдете ги вредностите на европските христијански корени и култура

Унгарскиот парламент на денешната седница усвои резолуција во врска со ставот на земјата за иднината на Европската унија, во која се наведува дека актуелните договори со ЕУ „не се соодветна основа за соработка во време на криза“.

Резолуцијата е усвоена со 130 гласа „за“, 50 „против“ и седум воздржани, јавува агенцијата МТИ.

Поради војната во Украина и „избрзаните“ одлуки на ЕУ за воведување санкции кон Русија, континентот се соочува со период на „криза и неизвесност“, се вели во резолуцијата.

Како одговор на промената на ситуацијата, унгарскиот парламент предлага европските договори да ги потврдат вредностите на европските христијански корени и култура.

Европската комисија, се додава, треба да се декларира за политички и идеолошки неутрална.

Сите земји треба да имаат право да одлучуваат со кого сакаат да живеат, се наведува во резолуцијата.

Унгарија, исто така, предлага формирање на заедничка европска армија, воведување забрана за блокот да зема дополнителни заеми и се спротивставува на целта за „посилна интеграција на унијата“, се вели во документот.

Дополнително, Будимпешта предлага пратениците во Европскиот парламент да бидат делегирани од националните парламенти и повикува заштитата на домородните малцинства да се воспостави во договори и да се зајакнат перспективите на земјите од Западен Балкан за европска интеграција, пренесува МТИ.

Related posts

Leave a Comment