Македонија

Училиштата испразнети, градинките затворени, во сила владините мерки против корона вирусот

Image result for училишта

Основните и средните училишта, факултетите и градинките на целата територија на државава утрово се испразнети со одлука на Владата како превентива од ширење на коронавирусот. Мерката важи 14 дена, односно наставата ќе биде прекината до 24 март, кога ќе јавноста ќе биде известена за следните чекори.

Министерството за образование ги известило училиштата дека во наредниот период ќе добијат насоки за натамошна реализација на воспитно-образовниот процес.

Прекинат е воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој и дневни центри, а вработените лица во овие институции се ослободени од работа во овој период. Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека по еден родител на дете до десетгодишна возраст може да се ослободи од работа 14 дена. Отсуството од работа ќе биде платено, а родителот кој нема да оди на работа треба да обезбеди потврда од училиштето на детето.

Loading...

Related posts

Leave a Comment