Свет

ФАТАЛНА ГРЕШКА: Иранците го потопија сопствениот брод за време на воена вежба

Iranska mornarica ispaljuje raketu Mehrab u Ormuskom moreuzu, Iran

Фрегатата „Јамаран“ на иранската морнарица по грешка погодила пријателски брод, јавуваат медиумите.

Ова го напиша на Твитер директорот на политичкиот оддел на иранската агенција за информации „Таксим“, Махди Бахтиари.

Трагедијата се случи во Оманскиот Залив. Против-бродската ракета, лансирана од фрегата, го погоди логистичкиот брод „Конарак“, кој беше изграден од домашни компании.

Во таа прилика, десет лица беа повредени, додека најмалку две лица беа убиени. Самиот брод потона.

Иранската војска засега не ја потврдила оваа информација.

„Јамаран“ е команден брод кој се приклучи на морнарицата во 2010 година и важи за еден од најмодерните во иранската флота. Тој е вооружен со против-бродски ракети, од кинеско производство, торпеда и др. Екипажот на бродот се состои од 140 лица.

Оманскиот залив, инаку е поврзан со заливот Хормуз, преку кој поминува една петтина од светската нафта.

Иранските вооружени сили редовно одржуваат вежби во овој регион.

 

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment