Реакции

Фашизам на дело: ХЕРА, Хелсиншки комитет и „Маргини“ агресивно и се закануваат на слободата на говорот и имање на поинаков став

ХЕРА, Хелсиншки комитет и „Маргини“ поднесоа кривична пријава против „Од  нас за нас“ - Слободен печат

Дрско, агресивно и безобразно, здруженијата Хера, Хелсиншки комитет и Маргини во хајка против здрушението Од Нас за Нас, за наводно поттикнување омраза и дискриминација врз повеќе основи

Фашизмот во Македонија чука на голема врата. Овие квази здрушенија сериозно ја загрозуваат слободата на говор и изразување на поинаков став од другите.

Имено, по скандалозната најава на министерката за образование, Мила Цароска, дека ќе се воведе сексуално образование со експлицитни и непримерни содржини во најраното основно образование, здружението Од Нас за Нас, сосема оправдано реагираше на најавените експлицитни содржини предвидени од Царовска.

Дека овие три здруженија се во улога на СС трупи кои во Нацистичка Германија физички се пресметуваа со сите кои не мислат како режимот, покажува нивната најнова дрска закана со кривична пријава против Од Нас за Нас.

Со тоа дрско и агресивно однесување овие неофашистички здруженија, директно го загрозуваат правото на родителите да го избираат квалитетот и методологијата на образованието на своите малолетни деца. Агресивното наметнување на некакви ексклузивни права на ЛГБТ и други слични групации, е директен атак и креирање апартхејд врз мнозинството граѓани кои се со традиционални определби и кои се за зачувување на семејните вредности како столб на секое здраво општество.Да ги потсетиме овие наводни борци за права дека секое наметнување на сексуални ставови без разлика дали се хетеросексуални или хомосексуални, врз малолетни деца е психовизичка агресија врз истите. Сексуалната ориентација на секој поединец/ка, е лична определба која е загарантирана со устав, но агресивното наметнување на било која од нив врз другата е класичен апартхејд и фашизам. Да не говорам за провокациите кои овие три групации ги прават врз трите најголеми религиски организации во државата кои во основите на своите учења го осудуваат хомосексуализмот. Ако некој треба да добие кривични пријави, тоа се овие три здруженија, кои си играат со религиозните, моралните и родителските чувства на мнозинството граѓани во државава. Се надеваме дека обвинителството ќе ги одбие овие дрски провокации кои би можеле да испровоцираат масовен револт кај граѓаните и со тоа директно да се продуцира конфликт помеѓу различните сексуални групации.

Loading...

Related posts

Leave a Comment