Македонија

Филипче : Бројот на заразени од коронавирус се искачи на 85

Бројот на заразени од коронавирусот е очекувано во пораст, а сите досега дијагностицирани се во некаква корелација со веќе познати случаи. Во текот на ноќта се потврдени уште 9 нови случаи, со што вкупниот број на заразени од коронавирусот е 85 лица во државата, изјави министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција во Владата.

Потврдените случаи на заразени од коронавирусот се во Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Кавадарци и Охрид.

Што се однесува до состојбата на пациентите на Инфективната клиника во Скопје, истата не е променета. Тоа значи дека најтешка е состојбата на пациентката која е веќе на респиратор, тројва пациенти се со потешка форма на пневмонија, а останатите, според Филипче, имаат полесна клиничка слика. Лесна клиничка слика имаат и пациентите во Дебар.

Филипче информираше дека од денес е во функција и колцентарот во Здравствен дом Скопје за да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе профункционираат и 2 пункта за земање брисеви и материјали во поликлиниките Чаир и Јане Сандански па матичните лекари ќе се вклучат за закажување преку Мој термин.

Во однос на дополнителните мерки Филипче најави дека вечер на седница на Владата ќе се разговора за предлогот што го изготвила Комисијата за заразни болести. Мерките ќе бидат поостри со оглед дека и покрај апелите од Владата и Министерството за здравство, се уште има собирања на граѓани во групи.

Loading...

Related posts

Leave a Comment