Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава како и за покачување на вакцинацијата во државата.

Говорејќи за состојбата во државата, министерот образложи дека болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%. Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други. Министерот Филипче, вечер ќе одржи состанок со Синдикатите како би ги слушнал и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница.

На денешниот состанок на ГККШ не беа донесени заклучоци, предлог мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада.

Министерство за здравство