Македонија

ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА МАСОВНИ СОБИРИ, ЗА МЛАДИ И ЗА ВОЗРАСНИ КОИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ

Филипче најави дека нема намера да се откаже од глобало-фашистичката агенда за ограничување на правото на слободно движење на сите граѓани кои одбиваат да се вакцинираат.

Ќе го штитиме јавното здравје со тоа што би вовеле рестриктивни мерки за невакцинираните лица онаму каде што има можност за масовни собири, но за тоа ќе се разговара во август доколу стагнира процесот на вакцинација. Рестрикциите на вакви места би важеле и за децата кои не се вакцинирани, рече министерот за здравство Венко Филипче денес во Битола.Тој рече дека и сега има доволно „Фајзер“ вакцини за малолетните. Секој понеделник стигнуваат меѓу 20.000 до 30.000 вакцини, а од третиот и четвртиот квартал од директниот договор со компанијата ќе пристигнат уште 700 илјади.

Со оваа непромислена изјава тој директно удира врз слободата на децата и де факто укажува дека ниту најмладите не се поштедени од хајката за вакцинирање со недоволно испитаните експериментални вакцини против ковид 19.

За потсетување, Филипче пред една недела ги нарече противниците на вакцините против ковид виновни за колективно страдање.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!