Македонија

Филипче не воведува во третиот рајх: Ковид легитимација како аусвајсот во нацистичка Германија!

Во иднина македонските граѓани можеби ќе мора да го приложуваат сертификатот дека се вакцинирани против Ковид-19 доколку сакаат да присуствуваат на масовни настани, или пак на настани кои се одржуваат на затворено, културни манифестации, кина или театри, најави Министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека во следниот период здравствените власти ќе дискутираат по ова прашање.

„Овие недели кои се пред нас ќе размислуваме согласно опфатот да воведеме некаква форма на рестрикција, почнувајќи од септември натаму, во смисла вакциналниот сертификат да биде неопходен за да се влезе на некој масовен настан, кога има настан на затворено и така натаму, но да видиме како ќе се одвиваат сега работите. Искрено се надевам дека опфатот со вакцинација ќе се зголеми“, рече Филипче.

Сите овие орвеловски мерки кои ги најавува Филипче, се еклатантен пример за кршење на основните човекови права и класичен апартхејд со нагласена стигматизација на граѓаните кои со право не сакаат да ја примат експерименталната, недоволно испитана вакцина против Ковид.

Да потсетиме, во нацистичка Германија и на сите територии кои таа ги имаше окупирано, беа наметнати посебни дозволи за движење наречени Аусвајс, па одтука се повлекува паралела со најавените ковид потврди кои ќе доведат до рестриција на движењето и маргинализирање во општеството на сите оние кои користејки го загарантираното право на избор, не сакаат да се вакцинираат. Добредојдовте во светот на Орвел и Хаксли!

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!