Свет

Финансискиот советник на Трамп им се предаде на властите (ВИДЕО)

Trump Organization, CFO expected to face charges in New York over taxes - The Boston Globe

Главниот финансиски советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес им се предаде на властите, додека организацијата на Трамп се соочува со кривични пријави.

Според Њујорк Тајмс, Ален Вајселберг денес дошол во зградата на Кривичниот суд во Менхетен, наведува весникот, а подоцна се очекува да се појави претставник на компанијата Трамп.

Самиот Трамп не се очекува да биде обвинет оваа недела, иако обвинителите велат дека нивната истрага за компанијата на Трамп продолжува, изјави адвокатот на поранешниот претседател Роналд Фискети. Обвинувањата се очекува да бидат фокусирани на тоа дали Вајселберг и другите службеници во компанијата добиле поволности како што се станови или автомобили за кои не плаќале кирија, без притоа да пријават во даночната служба, пренесува Ројтерс.

Обвинението против Вајселберг би било прво што ќе произлезе од истрагата на компанијата Трамп, според агенцијата.

Трамп негираше каква било проневера и изјави дека истрагата е „лов на вештерки“ спроведен од политички мотивирани обвинители.

Related posts

Leave a Comment