Свет

Франција и Велика Британија испраќаат војници во Сирија, откако неколку земји го отфрлија барањето на САД

 

 

Франција и Велика Британија, наводно, испраќаат повеќе војници во Сирија, со цел да ја пополнат празнината што ја остави американското намалување на војниците, објави The Guardian.

Повикувајќи се на американски официјални лица, публикацијата објави дека Франција и Велика Британија ќе ги зголемат своите сили во Сирија за 10 до 15 проценти.

Овој наводен потег од страна на Франција и Велика Британија доаѓа само неколку дена откако неколку земји, вклучувајќи ги Германија и Холандија, го отфрлија барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да испратат копнени сили во Сирија.

Во меѓувреме, американскиот форин офис објави дека зголемувањето на француските и британските трупи во Сирија претставува голема победа за администрацијата на Трамп, додека тие се обидуваат да најдат други земји сојузници кои ќе го прифатат барањето на САД  за испраќање на копнени сили.

И Франција и Велика Британија веќе имаат копнени сили внатре во Сирија, и покрај приговорите од владата во Дамаск.

Двете европски земји, исто така, учествуваа во нападот во април 2018 година против сириската влада, кој беше спроведен како одговор на наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума.

Related posts

Leave a Comment