Европа

Фрлено јајце на кралот Чарлс Трети (ВИДЕО)

 

На настан на северот на Англија денеска е фрлено јајце врз британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила, а едно лице е уапсено.

Јајцето паднало недалеку од кралската двојка додека пристигнале на традиционалната церемонија во Јорк, пренесува Ројтерс.

Чарлс и Камила не покажаа никаква вознемиреност поради инцидентот.

Полицијата веднаш го приведе демонстрантот кој извикуваше пароли.

Чарлс, кој го презеде тронот во септември по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, е во дводневна посета на северот на Англија.

 

 

Related posts

Leave a Comment