Македонија

Фросина Ременски обелодени незаконско требување на оружје и муниција од страна на Мијалков

🎯 “КАЛИБРИРАНИ” КАЛИБРИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА САШО МИЈАЛКОВ (ДИРЕКТОРОТ НА УБК) !

✅ Да направам една дигресија кон темата:

🚩Кога се случи атентатот во кој загина српскиот премиер Зоран Џинџиќ, едно од клучните прашања за полицијата беше од каква пушка бил испукан куршумот калибар 7,62 х 51 мм !?
Подоцна било утврдено дека кон него било
пукано од 👉автоматска пушка марка „Хеклер & Кох“, модел „Г3“, позната и како автоматски снајпер👈❗
Атентаторите го избрусиле фабричкиот број на пушката која била пронајдена на 25.03.2003 година и било утврдено дека
пушката и’ припаѓала на 👉Единицата за специјални операции на српското МВР👈❗

🚩🚩Ајде малу за количината и калибарот на муницијата „за потребите на Кабинетот на Директорот на УБК Сашо Мијалков“:

❗🚩🚩 2013/2014 година требувани 2800 куршуми калибар 7,65 мм🚩🚩

👉Оваа муниција е за Автоматскиот пиштол 7,65 мм М-61 погоден уништување на жива сила на мало растојание и за извршување на диверзанстски дејствија во населени места.
Капацитетот на❗ЕДНА РАМКА е 10-20 куршуми.
❗❗Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 280 РАМКИ ❗❗

❗🚩🚩 2013/2014 година требувани 2000 куршуми СНАЈПЕРСКО ЗРНО калибар
7,62х54R 🚩🚩❗

👉Оваа муниција е за Снајперска пушка „Драгунова“ која уништува жива сила на долго растојание во специјални услови и задачи. Овој калибар на муниција ја користат Калашњиков, други снајперски пушки и ограничен вид на митралези и пушкомитралези. Не секој е обучен за ракување со снајперска пушка❗
Основниот ❗БОРБЕН КОМПЛЕТ е 150 куршуми.
❗❗Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 14 БОРБЕНИ КОМПЛЕТИ СНАЈПЕРСКО ЗРНО ❗❗

❗🚩🚩 2013/2014 година требувани 2000 куршуми СНАЈПЕРСКО ЗРНО калибар 7,9
мм 🚩🚩❗

👉 Оваа муниција е за Снајперска пушка М-76 која уништува подвижни, непорвижни и маскирани живи цели на поголема далечина. Не секој е обучен за ракување со снајперска пушка❗
Капацитетот на ❗ЕДНА РАМКА е 10 куршуми.
❗❗Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 200 РАМКИ СНАЈПЕРСКО ЗРНО❗❗

❗🚩🚩 2013/2014 година требувани се 3200 куршуми за пиштол калибар 9 мм🚩🚩❗
👉Оваа муниција е за пиштол кој уништува жива сила на пократко растојание.
Капацитетот на ❗ЕДНА РАМКА (ШАРЖЕР) е 9 куршуми.
❗❗Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 356 РАМКИ (ШАРЖЕРИ)❗❗

❗🚩🚩 2013 требувани се 200 куршуми за револвер Магнум 357 🚩🚩❗
👉Капацитетот на ❗еден магацин е 6 куршуми.
❗❗Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 34 ПОЛНЕЊА ❗❗

💵💶 Цената што е платена за набавка на оваа муниција и начинот на кој е
набавена не е тема на оваа објава.

📢 ЗА МОЛКОТ И НОРМАТИВАТА:

🔇 Зачудува тишината со која медиумите и институциите „реагираат“ на јавна
објава за ТРЕБУВАЊЕТО на муниција од различен калибар и голема количина
„за потребите на Кабинетот на Директорот на УБК Сашо Мијалков“ години наназад.

👉Чудењето е големо (но, и очекувано) ако се земе во предвид фактот дека, постојат ❗јавно достапни законски и подзаконски акти кои се алфа и омега не само за начинот на набавка и поседување на оружје и муниција, туку и за видот на опремата и оружјето со кое располага полицијата, армијата итн.
За жал, нема интерес да се прочитаат и да се процени „НОРМАЛНОСТА И ЗАКОНИТОСТА“ на овие требувања.

👉Да нема никакви дилеми, целокупната
одговорност и контрола над набавките на оружје и муниција за потребите на МВР, правните и физичките лица ја има МВР. Особено за начинот на задолжување, требување, употреба и контрола над употребата на муницијата и оружјето👈
❗👉Од тие причини законодавецот одредил ПРАВИЛО за тоа кое оружје (муниција) одговара за видот на ПОЛИЦИСКИТЕ РАБОТИ што ги вршат, односно која организациска единица и кои поединци можат да поседуваат каков вид на оружје (муниција) и кој го врши требувањето на оружјето (муницијата) за нивна потреба, или како се врши контролата и надзорот на
употребата на оружјето (муницијата) и по кој план и извештај за отчетност👈❗

❗👉Ако се сетам колкави дискусии се водеа за контрола на вооружувањето и набавките на оружје и муниција, не можам а да не се сетам дека токму заради тие строги Европски директиви пристапивме кон зајакнување на условите за набавка и поседување на оружје и муниција и колку е важен 🚩КОНТРОЛНИОТ ИНСТИТУЦИОНАЛЕН МЕХАНИЗАМ🚩 за проверка на спроведувањето на одредбите од Директивите кои станаа дел од Законот за оружје👈❗

📢❗Да се вратам на објавата за количината и видот на обезбедената муниција од различен калибар за што пишував во претходната објава:

🚩❗Кабинетот на Директорот на УБК НИКОГАШ НЕ БИЛ организациска единица
која може и треба да требува муниција за оружје од Одделението за магацинско работење (лесно воочливо во описот на задачите кои ги вршат лицата во Кабинетот на Директорот на УБК) ❗

🚩❗Кабинетот на Директорот на УБК НИКОГАШ НЕ ВРШЕЛ полициски работи кои
бараат вооружување и опрема, односно НЕ МОЖЕЛ ДА ТРЕБУВА муниција за оружје кое НЕ МОЖЕ законски да го употребува и поседува како организациска единица ❗

🚩❗Од профилот на муницијата која во големи количини била набавена „за
потребите на Кабинетот на Директорот на УБК“, може да се заклучи дека, Кабинетот на Сашо Мијалков поседувал: пиштоли, автоматски пиштоли, автоматски пушки, митралези, пушкомитралези, снајперски пушки и што ли уште не ⁉️

❗🚩Со просто пребарување ги добив корисните информации (од веб страната
на АРМ) за карактеристиките и видовите на оружје кои употребуваат муниција од овие требовани калибри и можам слободно да кажам дека станува збор за ТЕШКО ВООРУЖУВАЊЕ ❗и борбено оружје кои според Законот за оружје НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ❗ да го користат лица за заштита и обезбедување 🚩❗

👉Законот за оружје дава ОГРАНИЧУВАЊЕ на дозволата за набавка на муниција
за правните и физичките лица. За правните лица ДОЗВОЛУВА НА ГОДИШНО НИВО
да можат да набават од ❗50-200 патрони (куршуми) за регистрираното оружје❗
кое го поседуваат. СПОРЕДЕТЕ ЈА КОЛИЧИНАТА ТРЕБУВАНА ЗА ДВЕ ГОДИНИ❗
👉МВР ги издава и одобрува дозволите за набавка во стоги процедури👈❗

👉❗Подзаконските акти на Законот за оружје кои вашат за МВР и полициските
работи, СТРОГО УРЕДУВААТ 👉кои организациони единици во МВР поседуваат
каков вид на оружје, 👉за кои потреби, 👉колку и како можат да требуваат,👉 како се врши контролата на требувањето на муниција, 👉како се врши контролата на употребената и неупотребената муниција и 👉кој полициски службеник или овластено службено лице може за службени потреби да употребува (каков) вид на оружје и 👉како може да задолжува и раздолжува
муниција👈❗

❗👉Контролата, требувањето и надзорот МОРА да биде од страна на организациската единица во која примарно (со решение) работи полицискиот службеник👈❗

🎯 До следната објава за ПОСТРАШНИТЕ РАБОТИ од објавата за оваа СТРАШНА
муниција запрашајте се: 👉 ЗА ШТО БИЛА употребена оваа муниција, 👉Дали била
употребена, 👉Кој ја должел, 👉Какво оружје должеле лицата од Кабинетот на
Директорот на УБК Сашо Мијалков, 👉Дали воопшто се раздолжиле, 👉По кој план
и програм ги употребувале, 👉Кој им ги задолжил, 👉Кој ги контролирал, и
⁉️👉Дали ваква слична количина е требувана од некоја полиска станица од општа надлежност во Скопје – ❗колку за споредба❗

🎯📢 Го немаме Фалконе ниту за ова, ниту за ПОСТРАШНИТЕ РАБОТИ ❗

🙊🙉🙈

#ДоСледнотоЌеСеРасправамСоНивата
#ДоТогашПоспијтеУштеМалку

ФБ Статус на Фросина Ременски

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3647096971988197&id=100000637902363

Loading...

Related posts

Leave a Comment