Формула1

Хамилтон најбрз на патеката во Сочи

 

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Русија, која се возешњ во Сочи. Втор беше Валтериус Ватас исто така зад воланот на Мерцедес , а трет беше Чарлс Леклер од Ферари.

Актуелниот шампион стигна до својата деветта победа сезонава и 81-та во кариерата, а петкратниот шампион со освојување на патеката во Сочи ја сруши серијата од три последователни трки на  кои славеа возачите на Ферари.

Хамилтон беше прв кој мина низ целта, оставајќи го тимскиот колега Валтери Ботас зад себе со предност од 3,828 секунди, додека возачот на Ферари, Чарлс Леклер, заврши на третото место со 2.212 секунди заостаток.

Младиот Леклер се најде на третото место со 5.212 секунди зад победникот на две трки од оваа сезона, Макс Ферстапен од Ред Бул, кој заостана 14.210 секунди.

Зад него беше Макс Ферстапен од Ред Бул (+14.210), на петтата позиција беше Александар Албон исто така од Ред Бул, а првите десет ги комплетираа Карлос Саинз (Мекларен), Серхио Перес (Рајси Поинт), Ландо Норис (Мекларен). Кевин Магнусен (Хас) и Нико Хулкенберг (Рено).

Четирикратниот светски шампион и возач на Ферари, Себастијан Фетел мораше да се повлече во 26-то круг поради незгода со болидот, во моментот на откажување  беше на третата позиција.

Луис Хамилтон е прв во генералниот пласман со 322 бода, а Ботас има 249. Него го следат Леклер со 215 и Макс Ферстапен со 212 поени.

Следната шампионска трка во Формула 1 ќе се одржи на Гран-прито на Јапонија на 13-ти октомври.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!