Свет

ХАОС ВО ПРАВНИОТ ТИМ НА ТРАМП: Главните адвокати се судрија околу доказите за кражба на изборите

ХАОС ВО ПРАВНИОТ ТИМ НА ТРАМП: Главните адвокати се судрија околу доказите за кражба на изборите

Во адвокатскиот тим на Доналд Трамп имаше несогласувања меѓу двајцата главни адвокати Вилијам Бар и Рудолф Џулијани, кои не се согласуваат дали треба да продолжи обидот за докажување на изборна кражба.

Имено, генерал Бар вели дека неговиот тим не нашол доказ за изборна кражба, но Руди Џулијани советува да продолжи со потрагата, објави Ројтерс.

Бар во интервју за АП рече дека – до денес не се пронајдени докази што би укажувале на кражба што би влијаела на директниот исход на изборите – објави Ројтерс.

Џулијани го критикуваше Бар затоа што, како што тврди, не ги испитал темелно доказите за кои се зборувало и кои, наводно, може да ги свртат работите во корист на Трамп

– Со должна почит кон генералот Бар, немаше никаква истрага од Министерството за правда – рече Џулијани.

Loading...

Related posts

Leave a Comment