Регион

Харадинај преку Лајчак ИСПРАТИ опасна порака до ЕВРОПСКАТА УНИЈА! Дали СЛОВАЧКА ќе го признае Косово?

 

 

 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се заблагодари во Приштина на министерот за надворешни работи на Република Словачка, кој е и претседател на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ), Мирослав Лајчак , за ставот кој е изнесен против размена на територии како можно решение на договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Како што беше најавено од Канцеларијата на косовскиот премиер, Харадинај и Лајчак разговараа за посветеноста на косовските институции на економскиот развој, спроведувањето на европските реформи и зајакнувањето на законот и редот за време на работниот појадок денес.

“На овој состанок премиерот Харадинај рече дека билатералната соработка меѓу двете земји е важна, истакнувајќи дека признавањето на Косово од страна на сите земји-членки на ЕУ, особено Словачка, е директен придонес за безбедноста и стабилноста во целиот регион”, се вели во соопштението.

Харадинај побара од словачкиот министер  поддршка на неговата земја за процесот на визната либерализација за граѓаните на Косово, како и за членството на Косово во сите меѓународни организации.

“Премиерот Харадинај ја изрази подготвеноста на владата да продолжи со соработката со ОБСЕ во зајакнувањето на демократските институции во земјата и доброто владеење”, се вели во соопштението.

Како што беше најавено, Лајчак изрази подготвеност за соработка меѓу двете земји.

Loading...

Related posts

Leave a Comment