Свет

Холандски новинар кој го истражувал убиството на Кенеди застрелан во глава(ВИДЕО)

ISTRAŽIVAO UBISTVO KENEDIJA I OTMICU HAJNEKENA! Holandski novinar upucan u glavu, BORI SE ZA ŽIVOT! Gradonačelnik Amsterdama: Peter je za sve nas nacionalni heroj, neobično hrabar novinar!

Холандскиот новинар Питер Р. Деврис (64) се бори за живот откако беше ранет од огнено оружје во Амстердам по телевизиското шоу во кое учествуваше.

Новинарот, многу познат во Холандија по темите што ги истражува, беше ранет во главата од непосредна близина.

Тој беше пренесен во болница со сериозни повреди, а пукањето се случи само неколку минути откако тој ја напушти зградата на РТЛ, каде учествуваше во популарното телевизиско шоу „Булевар РТЛ“.

Полицијата потврди дека имало напад и рече дека им се јавиле голем број сведоци кои го виделе пукањето.

Тие исто така додадоа дека лицето осомничено за нападот носело темно зелена јакна.

Деврис се стекна со слава во раните 80-ти години на минатиот век кога го следеше киднапирањето на пиварскиот магнат Фреди Хајнекен .

Исто така, беше многу забележливо неговото следење на исчезнувањето на американската тинејџерка Натали Холовеј во Аруба во 2005 година, која подоцна беше прогласена за мртва.

„Питер Р. Деврис е национален херој за сите нас, невообичаено храбар новинар кој постојано бара правда. Денес, правдата во нашата земја се чини далеку. Беше извршено брутално, кукавичко злосторство “, рече градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсем.

Двајца осомничени беа уапсени во врска со ранувањето на Деврис , меѓу кои и „можниот напаѓач“. Полицијата ги запре во автомобил на 50 километри јужно од Амстердам, изјави шефот на полицијата Френк Паув. Трет осомничен беше уапсен во Амстердам.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека ранувањето на новинарот е „шокантно и неразбирливо“ и дека тоа е „напад врз слободата на печатот , што е од суштинско значење за демократијата, уставната држава и општеството“,  пренесуваат странските медиуми.Нападот врз новинарот Питер Р. Деврис е удар врз темелите на Европската унија, напиша претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел на Твитер.

Холандскиот крал Вилијам Александар исто така реагираше на нападот во кој холандскиот новинар беше тешко ранет во главата, нарекувајќи го „напад врз правната држава“.

Од 1995 до 2012 година, Деврис водеше популарно криминално шоу на холандската телевизија, кое опфаќаше познати случаи од „Црната хроника“.

Во врска со неколку случаи, на Деврис му се закануваше криминалното подземје , а пред две години тој самиот напиша на Твитер дека полицијата го предупредила дека се наоѓа на „списокот за отстрел“ на криминалец во бегство.

Холандскиот новинар ја доби наградата „Еми“ во 2008 година за следење на случајот на исчезната тинејџерка Натали Холовеј во Аруба, која никогаш не беше пронајдена.

Холандскиот новинар го истражувал и атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди , кој се случи во Далас, Тексас во 1963 година.

Деврис, заедно со холандскиот бизнисмен и експерт за прашањето на атентатот врз Џон Кенеди, Вим Данкбар, направија двочасовна емисија за атентатот врз американскиот претседател. Деврис се сретна во Тексас со поранешни членови на ЦИА и ФБИ, како и со поранешната девојка на Ли Харви Освалд, кој беше осомничен за убиство. Тој исто така го интервјуираше Џејмс Фајлс, осудуван за  кривични дела, кој тврдеше дека го убил Кенеди. Според шоуто на холандскиот новинар, ЦИА и мафијата учествувале во убиството, што е спротивно на наодите од официјалната истрага дека Освалд бил единствениот вмешан во убиството.

Поради закани кон Деверис во 2013 беше осуден Вилијам Холедер, кој беше одговорен за киднапирањето на Фреди Хајнекен и во моментов отслужува доживотен затвор за учество во пет убиства.

Во 2019 година, Ридуан Таги, кому му се суди за убиство и трговија со дрога, негираше дека се заканил дека ќе го убие Деврис. Новинарот го советуваше сведокот Набил Б. во случајот против Таги и неговите соработници. Таа година, на улицата во Амстердам, беше убиена адвокатката Набила Б.

Related posts

Leave a Comment