Полицијата уапси 32 годишен маж осомничен за нападот.
– Инцидентот се случи во местот Елатма, во Рјазанската област. Еден маж отвори оган кон соседите во трокатна зграда и уби пет лица, изјави извор на полицијата.Истрагата ја презеде Руската истражна комисија, соопшти прес-центарот на регионалното Министерство за внатрешни работи.
Истиот извор наведува дека четворица мажи и една жена биле убиени.
Пронајдено е оружје во станот на осомничениот. Според првичните податоци, најверојатно станува збор за семеен конфликт.