Свет

Хорор во Русија : Маж отвори оган кон соседите и уби петмина!

Полицијата уапси 32 годишен маж осомничен за нападот.

– Инцидентот се случи во местот Елатма, во  Рјазанската област. Еден маж отвори оган кон соседите во трокатна зграда и уби пет лица, изјави извор на полицијата.Истрагата ја презеде Руската истражна комисија, соопшти прес-центарот на регионалното Министерство за внатрешни работи.

Истиот извор наведува дека четворица мажи и една жена биле убиени.

Пронајдено е оружје во станот на осомничениот. Според првичните податоци, најверојатно станува збор за семеен конфликт.

Loading...

Related posts

Leave a Comment