Насилството во Охајо доаѓа само неколку часа по масовно пукање во Ел Пасо, каде еден вооружен напаѓач уби 20 лица, а 26 други беа повредени. Нападот во продавницата Волмарт во саботата, наводно, бил криминал од омраза, насочен кон шпанците.
Пукањето се случило на подрачјето на Источна 5-та улица во орегонскиот округ Дејтон во раните утрински часови во неделата по локално време, и само неколку часа по уште едно масовно пукање во Ел Пасо, Тексас.
#OregonDistrict #update We had officers in the immediate vicinity when this shooting began and were able to respond and put an end to it quickly.
— Dayton Police Dept. (@DaytonPolice) August 4, 2019
Дејтонската полиција соопшти дека стрелецот употребил некаков долг пиштол во нападот и најверојатно дејствувал сам. Тие рекоа дека работат на идентификување на вооружениот и утврдување на мотивите за неговото дивеење.
[fvplayer id=”13″]Портпаролот на болницата во Мајами, Тереа Литл потврди дека од пукањето примиле 16 жртви, но нема да дадат дополнителни детали. Во некои претходни извештаи се вели дека дури 24 се повредени, но таа бројка не ја потврди полицијата.
Снимките од местото на настанот покажаа сериозно присуство на полицијата во округот Орегон. Според полицијата, ФБИ помага во истрагата.
#BREAKING: Just getting on scene in Oregon District. Dozens of police here. Working to confirm numbers and conditions on those shot. @dayton247now pic.twitter.com/hKtaoLTJpN
— Molly Reed (@MollyR247Now) August 4, 2019
Орегон округот е едно од 10-те историски населби во Дејтон, додека улицата Исток 5-та е позната по голем број барови и ресторани. Пукањето очигледно се случило во близина на една од тие установи.