Свет

ХРВАТИ ОПКОЛЕНИ ВО „АЗОВСТАЛ“! Најмногу се плашат од Чеченците

Нема опис за фотографијата.

 

Меѓу стотиците украински борци и членови на баталјонот Азов кои се засолниле во комплексот на челичарницата Азовстал во Мариупол има најмалку четворица Хрвати – еден Далматинец и тројца Славонци.

Тие се членови на „Азов“, а  хрватските медиуми ги пренесуваатзборовите на нивниот пријател кој последен пат ги контактирал пред три дена, „сите вести се блокирани, не е добро…“

– Пред три дена ми се јави нашиот Тони од Далмација, тој е командант на одред во Азов. Ми пиша дека тој и уште тројца наши се заглавени во тунелите на Азовстал и дека останале на минимална муниција… – им изјави соговорникот на хрватските медиуми.

– Тони и овие Славонци се во Мариупол, се плашам дека нема добро да поминат затоа што против нив се кадировците, но и оние од ГРУ – тврди пријател на опколените милитанти.

Потсетуваме, министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу денеска го информираше рускиот претседател Владимир Путин дека руската армија го ослободила Мариупол, но дека 2.000 милитанти се уште се на територијата на фабриката Азовстал.

– Ситуацијата во градот е мирна, ни овозможува да почнеме да воспоставуваме ред, да го вратиме населението и да воспоставиме мирен живот. Што се однесува до оние кои побегнаа во фабриката Азовстал и кои беа темелно блокирани таму, ни требаат околу три-четири дена да ја завршиме и оваа работа – рече Шојгу.

Путин рече дека нападот врз индустриската зона е непотребен и издал наредба да се откаже.

– Предложената окупација на индустриската зона ја сметам за непотребна. Наредувам да се откаже – му рекол Путин на Шојгу.

Покрај 2.000 борци кои се во „Азовстал“, министерот за одбрана на Русија додаде дека при ослободувањето на градот биле ликвидирани над 4.000 украински борци, додека 1.478 се предале.

Шојгу нагласи дека во текот на последните осум години во Мариупол било донесено голем број оружје, воена опрема и тешки оклопни возила и дека градот „всушност станал моќна тврдина и главен град на баталјонот Азов“.

Related posts

Leave a Comment