Македонија

Христијан Мицкоски одбегна да го изговори името на ,,својата земја,,

 

 

Во честитката упатена до Урсула Гертруд вон дер Лејен за номинацијата за нов претседател на Европската Комисија,Христијан Мицкоски одбегна да го напише името Македонија па наместо тоа тој на својот ФБ профил напиша ,,мојата земја.

 

До г-ѓа Урсула Гертруд вон дер Лејен:
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ сакам да Ви ја честитам номинацијата за нов претседател на Европската Комисија која треба да ја предводи Европската Унија во наредниот период.
Убеден сум дека со Вашите човечки и професионални квалитети ќе оставите значаен белег во развојот на Унијата, надминувањето на предизвиците како и поблиско интегрирање на државите базирано на европските вредности.
Потпирајќи се на моите позитивни впечатоци од нашата средба во Скопје, убеден сум дека со истиот жар и посветеност ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на Европската Унија поради европската перспектива на целиот регион и создавање на оптимизам кај граѓаните и покрај сериозните пропусти, недостатоци во функционирањето на системот кои мора да се надминат.
Ќе продолжиме со несмалена енергија да соработуваме и во рамките на сестринската Европска Народна Партија која со Вашето номинирање добива уште еден значаен сегмент и обврска во градењето на Европската перспектива на сите држави од Европа.
Очекувам во блиска иднина да имаме можност за наша заедничка средба, која ќе даде силен импулс во односите и ќе биде во интерес на европската иднина на земјата.

 

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!