Регион

Црна Гора: 168 родители казнети за невакцинирање на деца

Прекршочните судови во Црна Гора минатата година казниле 168 родители кои одбиле да ги вакцинираат своите деца, скоро три пати повеќе отколку во 2013-2017 година. Според судските записи, 140 родители биле казнети со парична казна, а 27 добиле опомена, пренесува весникот Вијести.

Поради одбивањето на имунизацијата, родителите беа санкционирани со околу 14.560 евра, што значи дека генерално им е изречена минимална законска казна од 100 евра.

Според законот, максималната казна е 2.000 евра. Повеќе од 8000 деца на возраст меѓу три и пет години сè уште не ја примиле вакцината ММР, која ги штити од три заразни болести – мали сипаници, заушки и рубеола.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!