Колумни

Црпката е тиква без корен и семки – Виолета Петковска

Ана, мојата сестра по крв македонска од дијаспората! Пишува: (парафразирам) – Црпката е тиква без корен и семки, ме блокирал и не дозволува да слушне спротивставени мислења, односно што имав да му напишам околу лагите и бришењето на Македонците, за цензурите и ропството во кое не држи …. А, Ѕоне и одговара: – Ги навредуваш тиквите. Тој е АРСКО ЃУБРЕ! А, јас вака му реплицирав на Ѕоне, мојот брат по род и идеали за вечна МАКЕДОНИЈА! – Ѕоне, тогаш ти го навредуваш АРСКОТО ЃУБРЕ, од него се храни почвата, а почвата потоа раѓа плодови…Тој за кого зборувате е само една ѓаволска канџа која ни ги вади очите додека со нас тргува и не уништува! А, ние си молчиме. Не боли, трпиме.Плачеме, трпиме. Не обезимени, пак си молчиме.. Ете, до толку за се трпиме, немо посматраме како полека не спушта во црната дупка и чека сами да си ја фрлиме земјата врз осакатените очи и оглувените уши! Од сите сме напуштени и предадени.. Зарем, тоа ја ослабнува нашата моќ и храброст да се спротивставиме на ропството и нашето бршење од лицето на планетата?! Често се прашувам.. Зарем револуционерите биле помоќни, похрабри, поиздржливи од денешните Македонци?! Или денешните Македонци се посебични од историските борци и навистина ли треба да помислам и дека токму тие повеќе ја сакале и ценеле Македонија и за неа гинеле млади и се избориле за денешна СЛОБОДАРСКА МАКЕДОНИЈА! Денеска, во 21 век Македонците ги живеат најцрните денови од своето исконско постоење држени во вечно ропство од 1913 г. кога пола Македонија им била поделена на Грци, Бугари, Албанци и Срби. Од тогаш нивната вечна битка да ја доуништат Македонија, не престана. Не прстеанаа да работат против се македонско, истите тие што не делеа и денес не парчосуваат безмилисно и не лишуваат од правото сами да одлучиме кои сме и од каде сме! Е, токму тие заедно со светската самопрогласена светска велесила злосторнички се здружија и решија Македонија да ја срамнат со пепелта, а во тоа за да успеат со сигурност го одбраа домашниот слуга и предавник, потчинет зол трговец.. Како што го нарекува Ана, тиквата без корен и семки! Тој слуга предавнички денес оди по белосветските друмови и кажува беседи како Македонците не се Македонци, бидејки тие се крадците на светската, европската и балканската историја. Како нашите просветители, револуционери и апостоли се бугари, а ЦАРОТ ТРЕТИ АКЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ не е македонски , ами на Грците! И така, секој божји ден се нижат лагите, се нижат и заверите против нас Македонците, ни се одзема правото на самоопределување, на било какво право да се браниме и да ги докажуваме нашите македонски вистини за нашата древност од прастарини, за гробовите на нашата рода, за мајките кои умирале од тага и жал по своите синови венчани за Македонија и за Македонија гинеле! А, ние, нивните наследници денес, АМАНЕТОТ кој ни го оставија токму тие млади и храбри револуционери, не треба ли да биде наш ЗАВЕТ, во век и вечни времиња… ЗА МАКЕДОНИЈА!! СВЕСТЕТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ! НЕ Е ВРЕМЕ ЗА МОЛК, АМИ ЗА КРИК НА БЕСЕН ЛАВ… ЗОШТО ОТИДОВМЕ ВО НЕПОВРАТ ЗАСЕКОГАШ!

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!