Свет

Чеченскиот лидер Кадиров: „Момците ја ослободија градската управа на Мариупол, го чистиме градот од Азовската нечистотија“

 

Ако даде Господ, Мариупол наскоро ќе биде целосно исчистен, рече Кадиров

Пред неколку часа, Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер кој му се придружи на Владимир Путин, на својот Телеграм канал објави дека чеченските борци ја ослободиле зградата на градската управа во Мариупол и на неа го закачиле своето знаме.

– Момците преку радио објавија дека ја ослободиле зградата на градската управа на Мариупол и го поставиле нашето знаме – изјави чеченскиот лидер на својот Телеграм канал, кој го следат повеќе од 1,4 милиони корисници.

Тој рече дека Украинците кои преживеале ги напуштиле позициите.

– Украинците кои преживеаја не ризикуваа и ги оставија позициите и побегнаа. Други единици се движат паралелно низ градот и го чистат од азовската нечистотија – рече Кадиров, мислејќи на украинскиот екстремно десничаскир баталјон Азов.

– Ако даде Бог, наскоро Мариупол ќе биде целосно исчистен – порача Кадиров на крајот.

Related posts

Leave a Comment