Свет

Швајцарија ги укинува повеќето антиковид мерки

Švajcarska: Građani EU koji dolaze da traže posao ostaju bez socijalne  pomoći

ЖЕНЕВА – Швајцарија денеска соопшти дека ќе ги укине речиси сите мерки воведени во борбата против Ковид-19, а само до крајот на март ќе биде задолжително носење маска во јавниот превоз и здравствените установи и изолирање на болните.

Од утре повторно е овозможен пристап до продавници, ресторани и културни установи, простори отворени за јавноста и за јавни настани без маска и потврда за боледување, соопшти Федералниот совет (Владата).

Се укинуваат и задолжителното носење маска, освен во јавниот превоз и здравствените установи, а се укинуваат и препораките за работа од дома, пренесува Бета.

Се укинуваат и задолжителното добивање дозволи за големи настани, ограничувањата поврзани со приватни состаноци како и ограничувањата на капацитетот во продавниците на мало.

Според федералните власти, епидемиолошката состојба продолжува позитивно да се развива во Швајцарија „благодарение на високиот имунитет на населението“ и „не е веројатно преоптоварувањето на здравствениот систем и покрај сѐ уште силната циркулација на вирусот“.

Владата заклучи дека затоа за неа се исполнети условите за брзо нормализирање на општествениот и економскиот живот.

Швајцарија, со околу 8,6 милиони жители, има регистрирано речиси 12.530 смртни случаи од ковид-19 од почетокот на пандемијата, што е повеќе од 144 смртни случаи на 100.000 жители. Речиси 69 отсто од населението се целосно вакцинирани.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!